Тим од астрономи го открил најоддалеченото тело некогаш забележано во Сончев систем, односно првиот познат објект откриен на далечина која е за 100 пати поголема од онаа помеѓу Земјата од Сонцето, пишува Science Daily.

Откривањето на новиот објект беше објавен во понеделникот од страна на Меѓународниот центар за мали планети на Меѓународната астрономска унија и му беше дадена привремената ознака 2018 VG18. Откритието било направено од страна на Скот С. Шепард од Карнеги, Дејвид Толен од Универзитетот во Хаваи и Чад Трухило од Универзитетот во Северна Аризона.

2018 VG18, наречен “Фарут“, е на растојание од околу 120 астрономски единици (AU), при што 1 AU е дефиниран како растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Вториот најоддалечен објект на Сончевиот систем е Ерис, кој се наоѓа на околу 96 AU. Плутон во моментов е на околу 34 AU, со што 2018 VG18 е за три и пол пати подалеку од најпознатите џуџести планети на Сончевиот систем.

2018 VG18 бил откриена како дел од континуираното пребарување за крајно оддалечени објекти на Соларниот систем, вклучувајќи ја тука Planet X, која понекогаш се нарекува и Планета 9. Во октомври, истата група на истражувачи го објави откривањето на уште еден далечен објект на Сончевиот систем, наречен 2015 TG387, со прекар “Гоблин“, бидејќи за прв пат бил забележан за време на Ноќта на вештерките. Гоблин бил откриен на околу 80 AU и има орбита што потпаѓа под влијанието на невидена Планета X со големина на Супер-Земјата, која се наоѓа на краевите на Сончевиот систем.