Honor следната недела во Кина ќе одржи настан во текот на кој ќе го претстави моделот Honor V20. Глобалната верзија на телефонот, View 20 ќе биде претставена во Париз на 22. јануари. Пред официјалната објава на смартфонот, сајтот DroidShout ни прикажува рендер на моделот Honor V20 (View 20).
Рендерот потврдува дека телефонот ќе има punch hole отвор за предната камера во левиот агол на екранот. Фотографијата покажува и дизајн кој е речиси идентичен на оној што го има Huawei Nova 4, кој беше објавен претходно оваа недела.
Покрај официјалните рендери, DroidShout истакнува и дека телефонот ќе биде достапен во три бои – сина, црвена и црна. Се очекува дека телефонот ќе има екран со screen-to-body однос сличен на Nova 4. Honor V20 би требало да има 6.4-инчен LCD дисплеј со 2310 х 1080p Full HD+ резолуција.
За разлика од Nova 4 моделот, Honor V20 ќе го има најновиот Kirin 980 чипсет. Се очеклува и 4000 mAh батерија, 48MP Sony IMX586 сензор на задната страна и 25 MP предна камера со голем број AI функции. Кога е меморијата во прашање, се очекува до 8GB RAM, а основната варијанта ќе има 6GB. Тука е и 22,5W брзото полнење, а за софтверот е задолжен Android 9.0 Pie базираниот EMUI 9.0.
Поврзани артикли