Дека AMD направи добра работа со Ryzen серијата процесори, најдобро говори податокот дека Intel на еден свој оверклокерски модел одлучи да му ја снижи цената. Имено, минатиот викенд компанијата одлучи Core i3-7350K процесорот да го наплатува 149 долари, наместо досегашните 184.
Да потестиме, се работи за отклучен модел кој поради тоа е погоден за накнадно зголемување на работниот такт. Core i3-7350K е дел од Kaby Lake серијата, има две јадра кои стандардно работат на бразина од 4,2 GHz, 4 MB L3 cachea и поддршка за HyperThreading технологија.
Со ова изненадно намалување на цената Intel пробува да им конкурира на AMD Ryzen 5-1500X и Ryzen 5-1400, кои моментно на пазарот чинат 189 и 169 долари.