Razer е еден од производителите на кој прво помислувате кога станува збор гејминг глувци. Компанијата е позната по создавање глувци кои се префериран и од професионалните гејмери но и од стандардните играчи. Најновиот модел на компанијата е Razer Viper, кој доаѓа со оптички прекинувачи.

Според Razer, со оптичките прекинувачи нема потреба од физички контакт  за да се испрати сигнал. Со помош на инфрацрвен зрак на светлина, кој поминува низ блендата за да се испрати електричен сигнал на компјутерот, прекинувачите реагираат на секој притисок на прстите, омозвожувајќи секоја акција да се изврши како што корисникот сака.
viper2.jpg
Razer посочува дека секој прекинувач е способен да издржи до 70 милиони кликања, што во теорија значи дека може да трае долго време. Други карактеристики на глувчето вклучуваат 5G оптички сензор, 16,000 DPI, осум програмабилни тастери и onboard складиште за чување на поставките.

Цената на глувчето за игри Razer Viper е 80 долари, а е достапен за купување преку веб-страницата на Razer.