Apple во минатото ексклузивно го користеше Qualcomm како снабдувач на модеми за своите телефони. Компаанијата потоа се префрли на Qualcomm и Intel, кои рамномерно ги обезбедуваа модемите, а оваа година Apple ексклузивно почна да соработува само со Intel, отфрлајќи го Qualcomm. Истовремено, двете компании почнаа своевидна војна пред судовите, кој ги раздвои.
Меѓутоа, во иднина Apple планира сам да произведува модеми за iPhone уредите, исто како што тоа го прави со процесорите и графичките чипови. Оваа намера на компанијата е откриена преку огласот за работа во Сан Диего. Сајтот The Information разговараше со изворот, кој потврди дека Apple навистина има активен проект за изработка на сопствен целуларен модем на чип за iPhone.
Се наведува дека развојот на модемот е се уште во рана фаза, а поради комплексноста на процесот би можеле да поминат до три години пред iPhone да добие Apple дизајниран модем. Ова сугерира дека модемот ќе се појави најрано во 2020. година, а најдоцна до 2021. година.