На петроглифите на кој се насликани животни од палеолитските и неолитските периоди, всушност се претставени слики на соѕвездија. Научниците од Универзитетот во Единбург тврдат дека иако претходно се веруваше дека сликите ги прикажуваат секојдневните ситуации или ловни сцени, сепак, по внимателно проучување на пештерите во Турција, Шпанија, Франција и Германија, тие дошле до заклучок дека цртежите се создадени според стандардната технологија и сведочат за значителни знаења од областа на астрономијата.
Како што истакнуваат истражувачите, откритието сугерира дека уште пред 40 илјади години луѓето го следеле времето користејќи ги знаењата за промена на положбата на ѕвездите.
Освен тоа, моделите на соѕвездија биле користени за прогноза и на важни настани, како што се природни катастрофи. Особено, податна за анализа беше пештерата Ласко во Франција, чии цртежи содржат информации за судирот на метеорит со Земјата, кој се случил околу 15 илјади години п.н.е.