Не е потребно да се спроведуваат истражувања за да ни биде јасно дека сите претерано ги користат паметните телефони, а во тоа не помага фактот дека се дизајнирани да ни ја исполнуваат секоја потреба во текот на денот. Популарниот сајт за технологија The Verge пренесува неколку совети за детоксикација од смартфоните.
Телефоните на Apple во поставките имаат опција која може да ви покаже колку време дневно поминувате на некоја апликација. Преку истата опција можете да поставите лимит на користење, по кој ќе ви биде забрането да ја користите апликацијата до следниот ден.
Android уредите исто така ја имаат оваа опција која се вика “Digital Wellbeing”, која функционира помалку или повеќе на истиот принцип.
Експертите советуваат да ги избришете апликациите како што се Instagram, Twitter и Facebook, бидејќи тие одземаат доста време на беспотребно листање на објавите. Стручните лица нагласуваат дека не е паметно да се носи мобилниот со себе во кревет и присхички да се подготвите, бидејќи со оставање на смартфонот, можеби ќе пропуштите некои гласини, покани или важни вести од светот.
Исто така, се советува паметниот телефон да го замените со обичен, кој ги врши само основните функции, како што се испраќањето и примањето пораки и повици.