Оваа револуционерна технологија за конверзија на соларната енергија во електрична e откриена е во 80-тите години, додека масовното производство започнува во почетокот на новиот милениум. Тогаш, тие биле многу скапи, за да во последните години постојано поефтинуваат. Кои се главните причини за таквиот тренд? Стручњаците од Институтот за технологија во Масачусетс (MIT) се обиделе да дадат одговор на oва прашање. Секако, дел од одговорот е очигледен. Технолошкиот напредок, поголемата побарувачка и поголемата компетитивност на пазарот се факторите кои имаат позитивно влијание на цените, како и во случајот на секој друг производ. Од друга страна пак, ефикасноста на конверзија на соларната во електрична енергија бележи постојано подобрување.
Другите фактори, кои се не се толку очигледни се од политички карактер. Интервенциите на владите на државите во намера да ја поддржат оваа технологија имале значајно влијание врз падот на цените. Владите даваат субвенции и се обидуваат да ја поттикнат употребата на обновливи извори на енергија со разни мерки.
Во своето истражување, експертите од MIT анализирале цени од 80-тите години од минатиот век до денес и заклучиле дека цената на основниот модул паднала за 97 проценти. Притоа, утврдено е дека политичките фактори влијаеле со 60% во намалувањето на цените.