Како се приближуваме до саемот CES 2019, LG се повеќе ги најавува своите телевизори за следната година. Компанијата откри дека OLED TV уредите во 2019. година ќе користат Alpha 9 (α9 Gen 2) процесор, наследник на минатогодишниот A9 CPU.

Јужнокорејската компанија, исто така, го спомена процесот на намалување на шумот во четири чекори и поддршката за high frame rate 120fps video (HFR). Единствениот проблем е во тоа што истите карактеристики биле истакнати уште минатата година.

Ќе биде интересно да се виид дали новите телевизори ќе имаат поддршка за HDMI 2.1 стандардот. Доколку тоа се случи, ќе биде можен инпут на HFR видео преку HDMI (минатогодишните телевизори тоа можеа да го остварат само преку USB drive).

Уште една голема карактеристика, која е додадена минатата година, е поддршката за Google Assistant AI, а останува да се види дали следните модели ќе добијат надградба од овој тип.