Познатиот влогер Линус Себастијан, автор на еден од најпосетените YouTube канали посветени на современите технологии – Linus Tech Tips, спроведе многу интересен “експеримент”.

Поаѓајќи од импресивните перформанси кои моделот на Xiaomi, Pocophone F1 ги нуди на северноамериканскиот пазар за околу 300 долари, Линус успеа, без дополнителни вложувања, од “убиец на флегшип модели” речиси да направи флегшип.

И покрај зборовите на благодарност за хардверот на Pocophone F1, Линус најде замерки за MIUI интерфејсот на Xiaomi, наведувајќи го како еден од неговите недостатоци, намерното софтверско намалување на перформансите на камерата, за да не може овој уред да им конкурира на смартфоните од повисока класа на истиот производител.

Затоа одлучи да го “флешува” фабричкиот Android на Pocophone и потоа на него да го инсталира оперативниот систем од отворен кон Lineage OS, заснован на Android. Овој софтвер е поддржан од бројните светски производители на мобилни уреди, па може да се најде на 185 различни модели, меѓу кои се и OnePlus, Nexus и Google Pixel.

Токму поради тоа, Линус се реши да покаже дека со ваквата постапка, еден одличен и достапен паметен телефон може, со малку софтверско “мајсторисување” да биде претворен во нешто што е еквивалент на нешто многу посилно и на три пати поскапиот флегшип телефон, каков што е Google Pixel 3XL.

По извршената инсталација на новиот оперативен систем, дополнителниот софтвер и апликации, “убиецот на флегшипи” изгледаше идентично како флегшипот кого го “уби”.

Линус вели дека камерата на Pocophone ги подобрила своите перформанси и дека сега има подобра и поизразена детекција на рабовите при фотографирање на портрети.

Како негативни страни од оваа интервенција, Линус наведува, дека освен што е потребно одредено време да се изврши целата постапка, по инсталацијата на LineageOS, отклучувањето на уредот со детекција на лицето со предна камера престанало да работи, а постои и можност, сопственикот на “ѕверот” на Xiaomi, после ова да ја загуби гаранцијата на својот уред.

Како изгледаше целата постапка на “претворање” на Xiaomi Pocophone F1 во Google Pixel 3XL погледнете во видеото: