На сопствено тестно возило наречено „Кооперативен автомобил“ (Co-operative Car), германскиот Mercedes ги демонстрира можностите на нова технологија која овозможува деликатна комуникација помеѓу возилата и пешаците, благодарение на употребата на светлосни сигнали и сензори.
Споменатото возило се користи за потребите на анализа на реакција, односно интеракција на пешакот со автомобил опремен со автономна технологија за возење.
„Кооперативниот автомобил“ е модифицирана верзија на предводникот во гамата на Mercedes, Ѕ-класа, кој поседува висок степен на автономија, бидејќи е опремен со сет на сензори, светлосни ленти и звучници преку меѓу останатото се пренесуваат и аудио пораки.
Автомобилите како оваа S-класа, во моментов се користат за истражување на Центарот за автоматско паркирање во Штутгарт, кое го спроведуваат Daimler и Bosch, а „кооперативниот автомобил“ е уште понапреден со неколку додатоци кои овозможуваат комуникација помеѓу возилото и пешаците.
Mercedes наведува дека пешаците се чувствуваат значително порелаксирани кога се опкружени со автономни автомобили кои се јасно обележани како такви. Сепак, возилата без човек што би бил зад воланот сеуште се посебен предизвик за иднината.
Лишен од можноста да воспостави контакт со очите на возачот, на пешакот ќе му треба нов начин за воспоставување на комуникација со возилото со цел да се развие повисоко ниво на доверба во сообраќајот. Токму на ова место, на сцена стапуваат светлосните ефекти на „кооперативниот автомобил“.
Сигналите кои се емитуваат во тиркизна боја ги информираат пешаците дека возилото со кое се соочуваат е самовозечко. Mercedes ја одбрал оваа нијанса, бидејќи нејзиното појавување во секојдневниот сообраќај е невообичаено. На пример, темно сината може да се помеша со ротационите светла на службите за итни случаи, црвената боја е поврзана со семафорите, додека жолтата боја укажува на некои предупредувања.
Целосниот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас