Почетокот на следниот месец, поточно на 4. декември, Qualomm официјално ќе го претстави својот нов чипсет за идните „флегшип” модели на смартфони. Се работи за Snapdragon 8150, за кој веќе се знаат некои работи и кој одвреме навреме се појавува во бенчмарк тестовите на разните мобилни уреди, кои во скоро време треба да и бидат претставени на јавноста.
Новиот SoC ќе биде претставен на посебен настан кој ќе се одржи на Хаваи. Како што тоа обично се случува со тајните податоци за новите процесори, тие секогаш некако протекуваат со денови, недели, па дури и месеци порано. Така е и овој пат – изворите наведуваат дека Snapdragon 8150 ќе има 20 проценти подобра ефикасност во однос на својот претходник, се уште актуелниот Snapdragon 845.
Snapdragon 8150 pic.twitter.com/oLdZhkewo4
— Ice universe (@UniverseIce) November 24, 2018
Дојавувачот со прекар @UniverseIce открива дека Snapdragon 8150 ќе пристигне со нова графика – Adreno 640. Самиот SoC ќе има осум јадра, како и актуелниот Snapdragon 845, но овојпат нивниот распоред ќе биде поинаков. Наместо дизајнот со 4 + 4 јадра, Snapdragon 8150 ќе има осум јадра распоредени во три посебни групи, односно кластери, според принципот 1 + 3 + 4.