Данскиот велосипедски бренд Biomega го исфрли првиот концепт за електрично возило, кое има неприкосновена форма која се придржува до скандинавските принципи за дизајн.
Концептот дебитираше на саемот CIEE во Шангај, и е наречен SIN. Истиот е дизајниран за жителите на градот, како дополнителна помош во одржливиот начин на урбан транспорт. Тоа е првото електрично возило со четири тркала од Данска, каде досега имаше само електрични мопеди и велосипеди.
Како и секој од велосипедите на Biomega, името на автомобилот е кратенка од градот што го инспирираше, во овој случај, Сингапур. SIN вклучува четири независни мотори, четири врати и четири седишта. Внатре, неговиот дизајн е намален што е можно повеќе во согласност со “помалку е повеќе” принципите на скандинавскиот дизајн.
Извор: Dezeen