Откако го тестираше iPad Pro на свиткување, Зак Нелсон неколку дена подоцна го спроведе истиот тест над Surface Pro 6 на Microsoft, кој се покажа поиздржлив од iPad Pro.
Не многу долго откако на свој карактеристичен начин го тестираше iPad Pro, Зак Нелсон aka JerryRig Everything на истите тестови го подлегна и Surface Pro 6 на Microsoft. Како и секогаш, Нелсон тестирањето го почна со тест на отпорност на екранот на гребење. Тука немаше никакви неочекувани изненадувања, се додека Nelson не употреби нож со тврдост 7, по што стаклото на еден дел дијагонално се распука, што јасно се гледа во видеото. Сепак, треба да се наведе дека првите траги на оштетување се појавија под ножот со тврдост 6, но тука се уште се работеше само за гребнатини на екранот.
Тестот со скалпел исто така помина очекувано – металните делови беше лесно да се оштетат со стругање, а од пластичните дури и да се симне дел. За среќа, скалпелот не успеа да го оштети стаклото под кое се наоѓаат камерите. Тестот со отворен оган од запалка покажа како по 12 секунди загревање на екранот почнуваат да се појавуваат црни дамки. Но, истите веднаш по ладењето на загреаните делови исчезнаа, што значи дека немаше некоја трајна штета.
Потоа следуваше тест на свиткување. Иако предното стакло лесно пукна под ножот со тврдост седум, Нелсон мораше да примени значителен напор за куќиштето барем малку да полне да се свиткува. Стаклото почна да пука дури кога Нелсон почна да го свиткува Surface Pro 6 од предната страна, каде што се наоѓа стаклото. И покрај тоа, таблетот и натаму функционираше.
Нелсон потоа одлучи да погледне во внатрешноста на куќиштето за да открие зошто е толку тешко да се свитка Surface Pro 6. По загревање на екранот, со помош на скалпел стигна до внатрешноста на таблетот – но, екранот притоа страдаше непоправливо. Како што се гледа во видеото, Microsoft во куќиштето поставил метални засилувачи, што резултираше со поцврст дизајн и поголема отпорност на свиткување.