Facebook почнува да ја губи својата популарност кај тинејџерите, според истражување спроведено од eMarketer. Во исто време, социјалните мрежи Snapchat и Instagram постојано ја зголемуваат својата популарност.

Ова е веќе втора година откако почнала да се намалува популарноста на Facebook. Тинејџерите дури и целосно ги бришат своите профили, а оние кои ги задржале, поминуваат сè помалку време на оваа социјална мрежа. Постои предвидување дека Snapchat ќе ги надмине и Instagram и Facebook кога станува збор за млади корисници (од 12 до 24 години).

Со појавата на Snapchat во 2013-та година, прв пат се забележало намалена употреба на Facebook од страна на тинејџерите. Речиси 4 години подоцна, проблемот на Facebook станал уште поголем. Бидејќи и Instagram е на истата компанија, тие се обидуваат да ги клонираат карактеристиките на Снепчет за да ја зголемат популарноста на Instagram.

Други резултати од истражувањето на eMarketer

  • Користењето на Facebook во САД кај личностите од 12 до 17 години ќе се намали за 3,4%, и тоа на 14,5 милиони корисници.
  • Се очекува бројот на корисници на Facebook сепак да се зголеми (за околу 2,4%) бидејќи сè повеќе повозрасни лица ја користат оваа мрежа.
  • Се очекува бројот на Снепчет корисници да порасне за 25.8% до крајот на 2017-та година, и тоа со најмногу корисници на возраста од 18 до 24 години.
  • Бројот на корисници на Instagram ќе се зголеми за 23,8% до крајот на 2017-та, и тоа 19% од корисниците ќе бидат под 12 години, а 8,8% ќе бидат на возраст до 17 години.
  • Во Велика Британија бројот на Фејсбук корисници е 32,5 милиони, што сè уште го прави најпопуларна социјална мрежа.
  • Во 2017 година се очекува речиси четвртина од населението во Велика Британија да има Instagram профил.