Астронаутот на Европската вселенска агенција (ESA), Александар Герст во Меѓународната вселенска станица (ISS) пронајде мноштво флопи дискови во едно од ормарчињата.
ISS слави 20. годишнина, а Гертс на Twitter објави фотографија од делот на нејзината историја, односно застарена технологија во вид на флопи дискови.
„Пронајдов ормарче на ISS, кое веројатно долго не е отворано”, напиша Герст во твитот.
Освен Norton Utilities за Windows 95/98, тука се и дисковите означени со натписите „Crew Personal Support Data Disk”, а кои се однесуваат на бившите астронаути Вилијам Шепард и Сергеј Крикалев, кои беа членови на екипажот во 2020. година, во првата мисија на ISS, наречена Expedition 1.