Компанијата SquareTrade спроведе истражување на подрачјето во САД, според кое дури 66 проценти од испитаниците односно сопственици на паметни телефони, во текот на минатата година, на некој начин ги оштетиле своите уреди.
Дури 29 проценти од нив, како оштетување го навеле напукнатиот екран. Како останати причини за оштетување на уредите се споменуваат изгребаните екрани и неисправните батерии.
Како четврта причина за оштетување се споменуваат проблемите со екранот на допир и оштетување на рабовите на смартфонот, со удел од 16 отсто.
Најинтересен, сепак, е податокот за бројот на оштетени екрани во текот на минатата година во САД. За само 12 месеци се забележани 50 милиони скршени екрани, што придонесе за трошоци на замена на дисплеите во вкупна вредност од 3,4 милијарди американски долари.
Околу 38 проценти од сопствениците никогаш не ги поправиле своите напукнати екрани, со оглед дека поголем дел од корисниците тежнеат кон задржување на своите уреди се додека се донекаде функционални или пак набавуваат нов уред.