Honor го претстави својот нов смартфон, нешто послабата и поевтина верзија на моделот 10, со ознака Lite.
Honor 10 Lite има Full HD екран со дијагонала од 6,21-инчи. На врвот на екранот се наоѓа “notch” во вид на капка, помал од вообичаените. Производителот се фали со односот на големината на екранот и телото од 90 наспроти 10 проценти.
Срцето на уредот, кој доаѓа во верзии со 4 или 6 GB RAM и 64 или 128 GB интерна меморија, го сочинува Kirin 710 процесорот, кој има поддршка за GPU Turbo 2.0.
Од задната страна на Honor 10 Lite се наоѓа камера од 13MP (f/1.8), спарена со секундарна камера од 2MP, која е наменета за AI портрети и детекција и 22 различни AI сцени. Предната селфи камера има сензор од 24 мегапиксели со опција за фотографирање на AI селфи.
Honor 10 Lite Debut With Kirin 710, AI Cameras, Android 9.0 Pie https://t.co/3qtbiABQ9r pic.twitter.com/WIPmm4N9Mq
— TheGadgetsFreak TGF (@TGFNews) November 21, 2018
Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа на задната страна на телефонот. Уредот кој го покренува оперативниот систем Android 9.0 Pie со EMUI 9.0 интерфејс, го напојува батерија со капацитет од 3400 mAh.
Honor 10 Lite ќе биде достапен во четири различни бои: Midnight Black, White, Gradiant Blue i Gradiant Red. Цената, во зависност од конфигурацијата, изнесува 200 и 270 долари.
https://youtu.be/CoYDRzFsGnk
Поврзани артикли