За да станете програмер потребно е истото она кое го правите кога градите било каква друга кариера. Работата е тоа што го одредува успехот, а не талентот. Но, и покрај оваа неоспорна вистина, општеството има погрешна претстава за програмирањето и верува дека тоа е индустрија исклучиво за посебни луѓе, бубалици математички генијалци и неверојатни умови! Овие заблуди ги плашат повеќето луѓе, кои имаат голем потенцијал за успех, и ги одвраќаат од идејата да изградат кариера како програмери. Време е да им ставиме крај на сите погрешни дефиниции. Се надевам дека до крајот на текстот ќе донесете правилна одлука за кариерата во програмирање и ќе почнете да учите за да станете програмер. Откријте ги 5-те најчести митови кои погрешно ја претставуваат оваа профитабилна можност за работа.

МИТ #1: Треба да сум генијалец за да станам програмер

Programming_Myths_v2

РЕАЛНОСТ: Секој може да стане програмер

Софтвер инженерите, развивачите, девелоперите, програмерите, програмските архитекти, како и да ги нарекувате, не се генијалци. Како членовите на било која друга индустрија, нивната стручност се рангира од одлична, до многу лоша. Оние кои се од добрата страна на спектарот, имаат забележителен талент и работна етика, а оние од лошата страна, може да претпоставите. Но, во секој дел од спектарот, добар и лош, има и обични луѓе, токму како нас. За да влезеш во оваа индустрија треба само да следиш една патека, да научиш технологија и теорија, и потоа наученото да го имплементираш преку проекти сé додека не станеш стручњак во областа. Тоа е тоа. Нема некој кому му е повеќе “судено” да стане програмер отколку вам, и обратно.

МИТ #2: Да научиш да програмираш е како да учиш да оперираш!

2

РЕАЛНОСТ: Учењето код е лесно, совладувањето е тешко.

Покрај теорија, се разбира дека мора да научите да програмирате, т.е да пишувате код. Но не грижете се, не станува збор за операција на мозок.

Учењето код за програмирање не е толку тешко како што повеќемина си замислуваат. Во основа, да програмирате, значи да разговарате со компјутерот, но на посебен јазик, како PHP, Javascript, или Ruby. Како програмер, вашата работа е да зборувате со компјутерот и да му давете задачи кои треба да ги изврши. За да изградите веб сајт, компјутерот бара од развивачот да напише листа со инструкции кои одат чекор по чекор, или мини задачи кои се потребни за да се заврши една голема задача. Како и што може да си претпоставите, првичните задачи лесно се опишуваат: “Направи го интерфејсот на мојот веб сајт 1000 пиксели широк!” Но, како што овие основни задачи ќе се зголемуваат во квантитет, и ќе почнат да стануваат покомплексни,оваа листа на мини задачи станува сé потешка и понапорна за следење. Така работи програмерот. Ова е високо софистицирана форма на комуникација помеѓу човекот и компјутерот, која лесно се учи на почетокот, но станува потешка за совладување во подоцнежните фази. Секој кој е нов во програмирањето, секој кој може да комуницира со другите, може и да научи да програмира. Првиот чекор е да се научат посебните јазици кои компјутерот ги разбира.

МИТ #3: Потребно е да имам диплома од факултет за да бидам програмер

РЕАЛНОСТ: Има многу програмери кои немаат диплома

Верувале или не, постои голем број на програмери кои се самоуки и до ден денес, истите немаат земено диплома. Ова е така бидејќи програмирањето е занает, и може да се научи на истиот начин на кој некој може научил да употребува Adobe Photoshop или Illustrator. Се разбира кога тие почнуваат, не може да се програмери или графички дизајнери кои се целосно подготвени, но знаат како да ги употребат алатките кои се неопходни за да се заврши работата. Откако ќе најдат работа, тие градат свое портфолио и го совладуваат занаетот. Ова е токму оној начин на кој самоуките програмери доаѓаат до успехот. Дополнително, многу технологии за програмери како PHP доаѓаат со обемна документација на интернет, и се поддржани од заедницата, што дополнително ви отвора можности за самостојно учење.

Исто така, индустријата за обуки за програмирање и нејзиниот подем докажуваат дека дипломата не е задолжителна за да станете програмер на софтвер. Иако дипломата додава на тежина, не ја намалува вредноста на искуството од обуките. Спротивно на многуте заблуди кои постојат, целта на обуките не е да добиете искуство во програмирање како некој 20-годишно ветеран, што е невозможна мисија, туку да добиете искуство доволно за да може да најдете работа во таа индустрија. Кариерата е еднаква на онаа на еден дипломиран студент по компјутерски науки со 4-годишни студии. Иако, универзитетот е попочитуван од центрите за обука, сепак работносто искуство и портфолиото се оние кои ќе го одредат правецот во кој ќе се движи вашата кариера. Дали мора да имате диплома за да програмирате? Одговорот е јасно и гласно “не”.

Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест