Извршниот директор на американскиот технолошки гигант Apple, Тим Кук, во интерву за HBO изјави дека „се поретко го употребува својот iPhone, па дури речиси и се откажал од непотребните известувања“.
Компанијата Apple е основана во 1976 година во Калифорнија и произведува компјутери, лаптопи, паметни телефони iPhone, таблет уреди iPad, како и музички плеери iPod. Корпорацијата е една од најголемите во светот со пазарен капитал од над еден трилион долари.
Според претходни истражувања, американските граѓани си ги проверуваат известувања на мобилните телефони во просек 52 пати на ден.