Под називот „Hunting Pollution“, муралот на миланскиот уличен уметник, Федерико Маса кој го користи алијасот Иена Круз, е насликан со специјална боја која воопшто на ја загадува околината и се простира на преку илјада метри квадратни на седумкатница во римскиот кварт Остинесе.
На муралот е насликана тробојна чапја, која обично живее во американските предели, а уметникот не случајно се одлучил за оваа птица. Имено, овој вид на чапја е изложен на ризик од истребување поради загадувањето на животната средина и глобалното затоплување.
A Roma si pulisce l'aria con i #Murales https://t.co/ECj8yBUf4N #HuntingPollution #PitturaAntiinquinamento pic.twitter.com/zeGGlhAMcU
— Pressenza in italiano (@Pressenza_it) November 8, 2018
Бојата со која е насликан муралот ги неутрализира загадувањето и смогот и со тоа го враќа воздухот во првобитната состојба. Количината боја која е потрошена при цртањето на муралот може да го прочисти воздухот колку и една малечка шума од 30 дрвја. Уметникот изјавил дека овој вид боја се суши само за четири часа, за разлика од конвенционалните, што подразибрало дека и тоа како ќе треба да ја забрза својата работа.
Маса изразил надеж дека италијанските власти ќе му дадат дозвола да наслика уште неколку вакви мурали кои ќе го прочистуваат воздухот во урбаните градски средини.