Рамките околу дисплејот изнесуваат 7,8 милиметри, а екранот прекрива 80 проценти од површината.
На интернет страницата на Asus накратко се појави преносниот компјутер VivoBook S15 (S510UR). Иако записот за него веднаш беше избришан, остана доволно долго за да се дознаат некои спецификации, како и информации врзано за дизајнот.
Најпрвин треба да се нагласи дека Asus за идниот VivoBook избра 15,6-инчен екран што успеа да во смести во куќиште со димензии што одговараат на 14-инчен преносник. Благодарение на тоа, рамките околу дисплејот изнесуваат 7,8 милиметри, а екранот прекрива 80 проценти од површината.
Што се однесува до хардерот, VivoBook S15 ќе работи на Интеловите Kaby Lake процесори (до Core i7), ќе поддржува до 16 GB RAM (DDR4 @ 2.133 MHz) и ќе има до 2,5 TB простор за складирање (512 GB SSD + 2 TB HDD). Графичкиот дел од работата ќе ја извршува графичката картичка на Nvidia, GeForce 940MX.
Од портовите, на корисниците ќе им бидат на тасполагање по еден USB 3.1 Type-C, еден USB 3.1 Type-A, и два USB 2.0 Type-A порта, еден HDMI порт и читач на мемориски картички (SD). Понатаму, тука и е поддршката за dual band Wi-Fi (802.11 ac), што ќе осигурува брзини до 867 Mbps. VivoBook S15 ќе добие и тастатура со заднинско осветлување и длабочина на копчињата од 1,4 милиметри. Asus додаде и читач на отисок на прстот што го смести на тачпадот, во горниот десен агол.