Моментно оваа функција е достапна само на iOS платформата, но ќе се појави и на Android

Facebook Live им овозможува на корисниците во живо да емитуваат видео до своите пријатели и следбеници насекаде каде што имаат интернет конекција. Facebook Live сега може да се користи и доколку пријателите се на друг крај на светот. Facebook првобитно оваа функција ја подели само со славните јавни личности, кои можеа да го делат екранот на стримување со кого сакаа.

Facebook сега ја отвори оваа опција за сите корисници и страници. Моментно оваа функција е достапна само на iOS платформата, но ќе се појави и на Android. Поддршката за стримување има портрет и пејзаж режим.

https://www.facebook.com/facebook/videos/10155836642011729/

Најпопуларната светска социјална мрежа  на корисниците им овозможува да почнат конверзација со приватни пораки со своите гледачи, така што можат да се допишуваат и додека емитуваат во живо. Facebook треба само да потврди кога оваа функција ќе се појави на Android.