Не е тајна дека Ford и Tesla повремено разменуваат „отровни стрели“
Можеби сето тоа започна од моментот кога Ford го заштити името Model Е пред неколку години, практично крадејќи ја идејата на Елон Маск за номенклатурата на моделите, а можеби причината е уште порано.
Како и да е, додека Tesla чекори кон рекордни продажби и, уште поважно, профитабилност, Маск изразува сомневање за финансиската состојба на Ford, единствениот американски производител кој избегна банкрот во текот на последната рецесија. За време на едно неодамнешно интервју, Маск ќе рече:
„Ford нема да ја преживее следната рецесија“.
Шефот на Тесла изразува сомнежи и за Apple:
„Тие продолжуваат да произведуваат одлични производи, но ги има се помалку“.