Иновативната британска компанија Dyson, позната по необичните технолошки решенија, планира да произведува уреди за прочистување на воздухот, кои се носат како слушалки.
Британската компанија Dyson, позната по своите необични правосмукалки и вентилатори без лопатки, минатата година најави дека работи на “целосно поинаков” електричен автомобил, а сега се дозна за уште еден иновативен и необичен проект од нивните лаборатории. На британската патентна канцеларија, имено, му предадоа патент со кој сакаат да ја заштитат идејата за личен прочистувач на воздух кој се наоѓа во носечки уред, како слушалки.
Dyson минатата година на пазарот веќе исфрли прочистувач на воздух вграден во нивниот познат вентилатор, кој истовремено може да го освежува или грее воздухот, и да го прочистува. Пазарот на мобилни пречистувачи на воздух посебно е активен во загадените делови на Азија, па Dyson веројатно планира нови, носечки уреди за прочистување на воздухот, кои најпрвин ќе ги продава во тие подрачја.
Dyson is considering developing a wearable air purifier that could double as a pair of headphones https://t.co/kuAHGER4tJ
— Bloomberg (@business) November 9, 2018