Како што тоа вообичаено се случува со новиот хардвер, тимот на iFixit е секогаш тука да ни покаже колку е тешко поправањето/сервисирањето на новите уреди, како и да ни даде увид во тоа што се наоѓа во нивната внатрешност. Овој пат во iFixit лабораторијата се најде новиот MacBook Air.
Расклопувањето на лаптопот го потврдува системот на Apple “butterfly” тастатура, со силиконски заптивачи кои ја намалуваат вревата при чукање, како и батериската ќелија која може да се замени без потреба од замена на комплетното куќиште на лаптопот.
Деловите, како портовите, вентилаторите и звучниците, исто така се повеќе модуларни во однос на претходните дизајни, што секако ќе им одговара на ентузијастите, но и на стандардните корисници на кои им е потребна прза поправка на некој елемент во лаптопот.
RAM меморијата е најголем проблем кај овој лаптоп, бидејќи е запечатен и не е можно да се надгради. На крајот, iFixit за поправка на MacBook Air даде оценка 3/10 (10 е најлесно за поправка), што не е премногу оптимистично.
Извор: iFixit