Меѓу најубавите реки во светот со сигурност може да се вброи и Кањо Кристалес, која е идеална за есенско бегство во природа.
Благодарение на свежата вода, растенија наречени macarenia clavigera ѝ даваат на реката шаренило, додека во позадина пејзажот го збогатува планината Сиера де ла Макарена.
Меѓу јули и ноември мовот, водната флора и кристалите, како и црвеникавите растенија, цврсто се држат за карпите низ коритото на реката, формирајќи низа на шарени делови под површината на водата.
Нијасите на црвена, сина, зелена, портокалова и жолта боја прават реката да изгледа како виножито кое тече, а жителите велат дека боите најјасно се гледаат по невреме.
Надвор од топографијата на реката се богати седименти стари 1,2 милијарди години. Кога сите овие фактори ќе се помешаат со растителниот живот во реката, се развива фасцинантен спектар на бои.
Во остатокот од годината реката е во сива боја, со зелени нијанси во некои делови од нејзиниот тек.