Тим од научници дизајнирал уред кој може да предизвика делумна регенерација на задниот дел од нозете на возрасните водни африкански жаби (Xenopus laevis), преку процес кој ги поправа ткивата на местото на ампутација, пишува Science Daily.
“Нашата процедура предизвика регенеративен одговор што жабите вообичаено го немаат, а која пак езултираше со поголеми, повеќе структурирани додатоци на нозете. Биореактор резултиташе со многу сложени резултати што биоинженерите се уште не можат да ги анализираат“, вели авторот на истражувањето Мајкл Левин, развоен биолог при Центарот за Откритија “Ален“ на Универзитетот Тафтс.
Научниците успеале со 3D технологија да го отпечатат биореакторот од силикон и истиот го наполниле со хидрогел. Потоа, тие го залепиле хидрогелот со хидратирани свилени протеини кои имаат дејства на лекување и регенерација, а потоа додале прогестерон. Прогестеронот најмногу е јпознат по својата улога во подготовката на матката за бременост, но хормонот, исто така, има улога при регенерацијата на нервите, крвните садови и коскените ткива.
“Биореакторот создаде средина во раната каде ткивото може да расте како што тоа го прави за време на ембриогенезата. Кратката примена на биореакторот предизвика месеци на раст на ткивата и модификација“, додаде Левин.
Левин и неговиот тим детално ги разгледале регенерираните структури користејќи молекуларни и хистолошки анализи, при што забележале дека за разлика од контролните и лажните групи на жаби, регенерирачките екстремитети на жабите кои биле третирани со биореакторот биле подебели, и со поразвиени коски и васкуларизација.