Новиот извештај на Ming-Chi Kuo, реномираниот аналитичар за екосистемот на Apple, сугерира дека iPhone 2019 ќе пристигнат со надграден Face ID систем на камери.
Kuo верува дека Apple ќе имплементира нов сензор кој подобро ќе го осветлува лицето на корисникот, за да се намали влијанието на видливото светло од опкружувањето и на тој начин би се подобрило Face ID корисничкото искуство.
Извештајот исто така сугерира дека Apple би можел да претстави уште еден систем на далечински сензор, заедно со Time of Flight 3D камерата, која би можела да се најде во iPad моделите за 2019 или 2020. година, како и во iPhone уредите за 2020. година. Овој тип на сензор го мери времето во текот на кое точката на светло патува помеѓу камерата и субјектот, а би можел да се користи и за креирање на 3D слики.
Системот потенцијално би можел да се користи за проширена реалност, за подобрување на квалитетот на 3D сликата, која потоа би можела да се обработува со помош на Apple Pencil на iPad.