Пред неколку дена, сајтот LetsGoDigital објави дека Samsung поднел трејдмарк барање за Infinity-V. Потоа, почнаа да се појавуваат гласини – дали е во прашање телефон на превиткување, некој дел на Galaxy S10 моделот или нешто друго.
Потоа, јужнокорејската компанија регистрираше трејдмарки за следните имиња на брендови: Samsung Infinity-Flex, Samsung Infinity-O и Samsung Infinity-U. Сите трејдмарк публикации се објавени на 2. ноември и класифицирани како мобилни телефони, смартфони, дисплеи за мобилни телефони и дисплеи за смартфони.
Сњ сугерира дека барем едно име ќе биде користено за екранот на претстојниот флексибилен телефон (веројатно Infinity Flex). Кога се во прашање Infinity-O, Infinity-U и Infinity-V имињата, можно е Samsung да работи на нова линија телефони, вклучувајќи и гејминг модел.
Во секој случај, наскоро од компанијата Samsung не очекуваат целосно нови телефони и дисплеи.