Aston Martin објави три нови фотографии од својот ултраспортски хибриден модел Valkyre кој во Gaydon се нарекува “дифузер на меѓуоскино растојание”.
Одговорот на Aston Martin на ултраспортските модели Mercedes-AMG (One), McLaren (Speedtail), Bugatti (Chiron) влезе во завршна фаза на испитување на различни симулатори, а според изјавите на главните лица на заедничкиот проект, AM и Ф1 тимот Red Bull Racing Valkyre за неколку месеци ќе подлегне на вистински тестирања на различни подлоги и во различни климатски услови.
Со минималистички пристап кон дизајнот на кабината за патници и воланот кој потсетува на оние од болидите на Формула 1, овој модел ќе биде придвижуван од комбинација на електромотори и најсилниот атмосферски 6.5 литарски V12 мотор кој некогаш бил вграден во автомобил кој може да се вози на јавни патишта.
Централниот V12 мотор ќе биде придвижуван од 1.146 коњски сили на задната осовина преку автоматски менувач од 7 степен.
Овој модел ќе биде направен во само 150 примероци. Првите испораки се планирани кон крајот на 2019 година и не е потребно да се каже дека сите се веќе распродадени по цена од 2,8 милиони евра.
Извор: Klix.ba