Шведскиот производител на мебел IKEA планира во неколку британски градови да отвори повеќе мали продавници, а ваквата одлука следи по позитивните реакции од отворањето на првата продавница во Лондон.
Хавиер Кинонес, директор на IKEA за Велика Британија, рече дека продавницата во Лондон е експеримент за учење.
Тој додаде дека успехот на лондонската продавница значи дека таквиот формат на помали продавници, најверојатно, ќе се прошири и во други градови во Обединетото Кралство.
Овој концепт им овозможува на луѓето да разгледуваат предмети и да добијат совети за уредување на домот, без потреба да заминат во објект на IKEA надвор од градот.