Доаѓањето на првите 5G мрежи е една од најочекуваните иновации во мобилната индустрија, а изградбата на потребната инфраструктура веќе започна. Прашање на време е кога сите ние ќе можеме да ја искористиме оваа иновација. Најголемите производители на смартфони се надеваат да понудат сопствени модели со поддршка на 5G мрежи во 2019 година. Ова значи дека многу наскоро технологијата ќе започне да се користи масовно од милиони луѓе низ целиот свет. OnePlus исто пројавуваат интерес кон 5G смартфоните.
Коосновачот на компанијата Карл Пеј откри повеќе детали за нивните планови во овој сегмент од пазарот. Тој изјави дека OnePlus не само што ќе продава 5G смартфон во 2019 година, туку и ќе се обиде да ги престигне другите производители на Android. Со оглед на начинот на кој компанијата ги избира имињата на своите уреди можеме да претпоставиме дека OnePlus 7 и 7Т ќе бидат имињата на првите нивни смартфони со технологијата. Qualcomm веќе потврдија дека во почетокот на 2019-та ќе видиме барем два 5G уреди, пренесе „TechRadar“.
Во моментов немаме детали за останатите технички спецификации на OnePlus 7 и 7Т. Интересот за технологијата е огромен и поголемиот дел од водечките производители веќе работат над сопствени уреди со 5G технологија. Конкуренцијата помеѓу нив е позитивна вест за корисниците, бидејќи ќе придонесе за намалување на цената на смартфоните кои се оптимизирани за 5G мрежи.
Поврзани артикли