Jigsaw е името на специјалната единица за сајбер-сигурност што ја поседува Alphabet – компанијата-мајка на Google. Експертите од оваа дивизија официјално го претставија својот нов производ, наречен Intra. Всушност, ова е мобилна апликација за смартфоните со Android и целта и е да не заштити од активностите на државните агенции за шпионирање на корисниците. Intra е софтвер дизајниран да ги спречи DNS нападите на Интернет.
Секој пат кога ќе отворите веб сајт, неговата URL адреса се претвора во многу подолга комбинација на симболи. Ова е особено честа појава со несигурните врски. Слични методи се користат масовно од репресивни политички режими за блокирање на содржина или пренасочување кон лажни веб сајтови пријави ТеchCrunch. Intra е соодветно решение да се заштитите од фишинг напади, вируси и дистрибуција на друг малициозен софтвер за Android.
Мобилната апликација има удобен за користење интерфејс и внимателно ги следи сите барања во прелистувачот и интернет активност. Друга предност на Intra е дека целиот сообраќај се обработува преку криптирана конекција и легитимен домеин сервер. На овој начин, можете да ја вчитате саканата веб-страница колку што е можно побрзо, каде и да сте, и дали локалните власти се обидуваат да го блокираат, поради една или друга причина, пристапот до неа. Intra сега е достапна за бесплатно преземање на Google Play.