Штом се стабилизира продажбата на Model 3, Tesla почна да ги надминува бројките на традиционалните производители на автомобили
Според податоците кои ги објави авто-индустрискиот аналитичар Матијас Шмит, американскиот производител на луксузни електрични возила, Tesla, во првите девет месеци од 2018 година успеал да продаде вкупно 154.200 возила. Во оваа бројка спаѓаат возила од моделите Model S, Model X и Model 3.
Во истиот период од оваа година, британскиот производител Jaguar им испорача на купувачите 136.000 возила. Вреди и да напоменеме дека понудата на Jaguar е многу поголема од онаа на Tesla – дури 7 модели, од кои еден (I-Pace) е електричен автомобил.
Кога веќе зад себе ја остави оваа британска компанија, Tesla сега се доближува до еден од светските автомобилски гиганти кој произведува модели со конвенционални мотори – Porsche. Произведувачот од Штутгарт во периодот од јануари до септември 2018 година продаде 196.000 автомобили, а Шмит проценува дека Tesla веќе во 2019 година ќе го претекне Porsche по бројот на испорачани возила во една година.
Tesla веќе успеа да продаде повеќе возила од Porsche во третиот квартал од оваа година (јули-септември). Имено, во ова тромесечие продажбата на Tesla достигна 83.500 единици, додека Porsche испорача 66.000 автомобили. Во истиот тој период Jaguar продаде само 41.900 возила.
За ваквиот резултат од продажбата најголема заслуга има Model 3, кој во овој период се продаде во 55.800 единици.
#Tesla delivered more vehicles in Q3 than #Porsche* in the same quarter. Full story in next @AIDNewsletter
As previously reported Tesla delivered more vehicles globally YTD than #Jaguar*. Tesla still lie behind Porsche at this stage
*Porsche report sales, Jaguar retail sales pic.twitter.com/d3aUl6jo5L
— Matthias Schmidt (@auto_schmidt) October 12, 2018
Извор: B92.net