Opera Software го претстави својот нов мобилен прелистувач Opera Touch, кој е дизајниран за мобилната платформа на Apple – iOS. Новиот прелистувач ќе се натпреварува со стандардниот прегледник Safari во новите смартфони на Apple.
Opera Touch е достапна за Android веќе некое време, но сега и е за iOS уредите. Исто така е оптимизирана за iPhone моделите X“, XS Max и претстојниот iPhone XR. Корисниците ќе можат да го користат прелистувачот со една рака.
Новиот прелистувач овозможува моментално прелистување на веб-страници кога ќе стартува прелистувачот. Главните функционалности се контролираат со една рака.
Користената технологијата Flow, им овозможува на корисниците да споделуваат линкови, белешки, фотографии и видеа со пријателите. Покрај тоа, достапна е и вградена технологија за блокирање на рекламите.