По заминувањето на основачите на Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер, од првите редови на оваа социјална мрежа, Facebook го постави Адам Мосери, неговиот долгогодишен извршен директор, за директор на Instagram на почетокот од оваа недела.
Имено, пред една недела основачите на Instagram, Систром и Кригер, одеднаш го објавија заминувањето од оваа социјална мрежа.
Тие го продадоа Instagram за една милијарда долари и дел од акциите на Facebook пред шест години, но останаа да го водат како директори. Instagram има повеќе од една милијарда корисници и е една од најпопуларните социјални мрежи во светот.
Според аналитичарите на Bloomberg, Instagram вреди 100 пати повеќе од она за колку е продаден на Facebook, и е една од најисплатливите инвестиции на оваа социјална мрежа.