Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,98%
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 17.09.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,399 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.09.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 35,750 ден/кг.
Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,03%, односно за 1,98% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 17.09.2018 година.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-ет дневен период изнесувала 80,463 $/барел и е за 4,17% повисока од просечната цена на суровата нафта (77,244 $/барел) по која се формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-ет дневен период изнесувал 52,5878 ден/$ и е за 0,53% понизок од курсот на доларот (52,8665 ден/$) по кој се формирани тековните цени.