На интернет се појавија рендери на OnePlus 6T, кој очекуваме да го видиме следниот месец. Видеото покажува дека дизајнот на претходниот модел е зачуван, а главната промена е во исечениот дел од екранот.
OnePlus го прифати поненаметливиот „пресек“ на екранот, кој се повеќе се користи во последниве месеци. Исто така, може да се забележи дека нема сензор за отпечатоци на задната страна, но очекуваме додатокот да биде интегриран во екранот на телефонот.
Меѓу другите познати промени се и малку зголемената дијагонала на екранот, која веќе е 6,4 инчи, а од OnePlus веќе потврдија дека телефонот ќе биде отпорен на вода и прашина.
Лошата вест е за корисниците кои користат 3,5 милиметарски приклучок бидејќи OnePus 6T ќе биде првиот модел на компанијата без него.
Меѓу очекуваните параметри се Snapdragon 845, 6 и 8 GB RAM, и Android 9 pie. Се тврди дека капацитетот на батеријата е зголемен на 3700 mAh.