Ако се подготвувате да го продадете, подарите или пренамените компјутерот или паметниот телефон, секако дека мора да се погрижите за вашите податоци, односно да ги отстраните. Еве како тоа можете да го направите:
Зошто обичното бришење не е доволно?
Компјутерите имаат вградени алатки за бришење на датотеките, но тие често не ја завршуваат работата докрај или доволно темелно, а понекогаш одредено време ги чуваат избришаните датотеки на други локации. Тоа некогаш е корисно, особено кога нешто случајно ќе избришете, но не и кога целосно сакате да го исчистите дискот.
Зошто форматирањето не е доволно?
Форматирањето на дискот е добар начин за брзо отстранување на голема количина податоци од дискот. Постојат две методи, но ниту една не гарантира целосно бришење на податоците бидејќи постојат многу софтверски алатки со чија помош можете да ги вратите податоците дури и по целосно форматирање.
Што да направите пред целосното бришење?
Направете безбедносна копија (backup) на сите податоци што ви се важни. Избегнувајте да правите безбедносна копија на УСБ бидејќи лесно можете да ги изгубите и не се доволно безбедни како хард дисковите. Секако, се препорачува да направите повеќе копии на различни медиуми.
Како да го избришете хард дискот на Windows (XP или понов)
Оперативниот систем „Виндоус“ има вграден систем за форматирање, до кој ќе дојдете ако на менито „Start“ кликнете со десниот клик на глувчето и изберете „Disk Management“. Ќе ви излезе листа на моментално инсталираните дискови. Изберете го оној што сакате да го форматирате со десен клик. Во паѓачкото мени изберете „Format“, а потоа видот на формат. Деселектирајте го полето во „Perform a quick format“, започнете ја постапката и почекајте додека не заврши.
Софтверски алатки за целосно бришење
Постојат неколку софтверски алатки со чија помош можете бесплатно да го исчистите дискот: „Darik’s Boot“, „Nuke“ се најдобри.
Како да избришете податоци на хард диск на Mac (OSX Mavericks или понов)
Исклучете го уредот. Потоа повторно вклучете го и заедно притиснете Cmd и R, пред да го слушнете звукот на приклучување на компјутерот. Држете ги копчињата притиснати додека на екранот не се појави „OSX Utilities“. Можеби прво од вас ќе се побара избор на јазикот. Потоа во менито изберете ја опцијата „Disk Utility“. Изберете го дискот што сакате да го форматирате и кликнете на копчето „Erase“ на врвот на прозорецот. Потврдете дека сакате да ги избришете податоците и кликнете „Erase“.
Како да избришете податоци на SSD?
SSD е малку покомплициран од стандардните хард дискови, па затоа прво проверете што препорачува произведувачот. Може да најдете алатка наменета за оваа задача. Ако не ви успее, тогаш пробајте ја алатката „PartedMagic“.
Како да избришете податоци на iPhone (iOS 10.3.3 и понов)
За бришење податоци на ајфон, одете „Settings, па „General“. Скролајте до „Reset“ и одберете ја. Ќе ви бидат понудени повеќе можности за ресетирање. Изберете „Erase All Content and Settings“. Потврдете дали сакате да го избришете она што не е поврзано со главниот систем на датотеки.
Како да избришете податоци на Android (Nougat 7.1.2 и понов)
За бришење податоци на паметни телефони со Android, отворете „Settings“, па притиснете „Backup & reset“. Побарајте „Factory data reset“. Изберете „Reset phone“ и почекајте додека не заврши.