Компанијата Qualcomm гo обвини Apple за откривање деловна тајна на нивниот конкурент Intel. Ова било со цел Intel да ги усоврши своите чипови за Apple да може да ги замени тие на Qualcomm .
Qualcomm ги објави овие обвинувања во најновиот поднесок до судот, кој ја дополнува претходната жалба, во која кинеската компанија вели дека Apple прекршил договор за софтверска лиценца, со тоа што им открил тајни детали поврзани со чиповите на оваа компанија на инженери од Intel.
Intel не е наведен како странка во овој спор.