Веќе неколку години корисниците на Instagram се во можност да користат GIF-ови од сервисот Giphy како анимирани стикери во рамките на своите Stories содржини. Сега функционалноста на GIF-овите е дополнително подобрена.

Кога ваш пријател ќе објави нешто на што морате да одговорите, а зборовите или статичките фотографии не се доволни да го опишат она што сакате да го кажете, тука е можно да се искористи GIF. Со најновото ажурирање, GIF-овите е можно да се користат и во одговорањето на Stories.

На корисниците им е на располагање огромна библиотека GIF анимации од споменатиот Giphy сервис. Не се работи за големо ажурирање, но секако ќе биде поздравено од големиот број корисници кои сакаат лесен пристап до GIF-овите.