Научниците од Универзитетот во Вашингтон пронајдоа траги на џиновско цунами на Алјаска, чија висина на бран достигнала 200 метри. Нивното истражување е објавено во списанието Scientic Reports и се темели на последните темелни ипитувања на една од ненаселените области на овој регион.
Забележано е дека цунамито го погодило брегот на фјордот Таан на Аљаска на 17 октомври 2015 година. Оваа област е ненаселена, па природната катастрофа не доведе до човечки жртви и остана речиси незабележана.
Причината за цунамито била огромно лизгање на земјиштето, кое се спуштило во морето и предизвикало голем потрес. Таквите цунамија можат да се појават и почесто, бидејќи глечерите се топат низ целиот свет, а огромните бранови на Алјаска го потврдуваат ова.
Научниците веруваат дека ваквите природни катастрофи се особено загрозувачки за земји и региони како Гренланд, Норвешка и Патагонија.