За сите оние кои имаат проблем со спиењето, стигнува еден нов и сосема невообичаен гаџет кој може лесно да ви помогне да заспиете. Станува збор за Somnox Sleep Robot, кој е со облик на грав и големина на едно мало перниче кое емитира импулси како меко дишење и испушта нежна музика за да ви помогне да заспиете.
„Ова е само робот за спиење кој ви помага да заспиете побрзо, но исто така и да спиете подолго”, вели Џулијан Џагтенбург, инженер за роботика и основач на Somnox.
Меките звуци на паѓање на дожд, амбиентална музика, му даваат на корисникот несомнено смирувачко влијание, а роботските сензори овозможуваат да се исклучи во моментот кога заспивате. Батеријата трае една ноќ, па мора да се полни во текот на денот. Во продажба ќе се појави во октомври по цена од околу 650 долари.