Првите технички детали за луксузниот руски седан Aurus Senat откриваат дека овој автомобил ќе биде достапен во две каросериски верзии, со стандардно и продолжено меѓуоскино растојание.

Aurus Senat својата премиера ја имаше на автомобилскиот саем во Москва, како дел од поширокиот проект Кортеж, во рамките на кој претходно оваа година настана и новиот руски претседателски седан.

Aurus Senat ќе им биде понуден на клиентите во стандардна и проширена варијанта. Должината на основниот модел е 5.630 mm, а меѓуоскиното растојание изнесува 3.300 mm. За споредба, Rolls-Royce Phantom има должина од 5.762 mm и осовинско растојание од 3.552 mm.

Продолжената верзија на руската лимузина има должина од 6.630 mm, додека меѓуоскиното растојание изнесува 4.300 mm. Ова е значително повеќе од продолжениот Phantom EWB со должина од 5.982 mm и осовинско растојание од 3.772 mm.

Кога станува збор за погонот, се наведува дека се достапни два мотори.

Првиот е 4.4-литарски V8 потпомогнат од електричен мотор. Моќта на овој хибрид е 598 КС (439 kW) и е поврзан со 9-степен автоматски менувач. Автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за помалку од 6 секунди. Во понудата треба да се најде и уште помоќен агрегат, 6.6 V12 со 859 КС (632 kW).

За разлика од Rolls-Royce Phantom, Aurus Senat има погон на сите тркала.