Според истражувањето спроведено од страна на агенцијата China Internet Network Information Center (CNNIC), бројот на корисници на интернет во Кина ја надминал бројката од 800 милиони и во моментов изнесува 802 милиони корисници.
Само за споредба, САД во моментов имаат околу 300 милиони корисници на интернет, додека, пак, Кина пред 10 години имаше нешто повеќе од 100 милиони корисници. Во периодот од јули годинава па до денес, во Кина има 29 милиони нови корисници на интернет.
Распространетоста на интернетот помеѓу целокупната кинеска популација сега изнесува 57,7 проценти, со тоа што преовладуваат корисниците на мобилен интернет – односно 788 милиони, или околу 98 проценти од сите корисници во земјата.