Доколку сакате заоблен Samsung монитор за игри, но не сакате да фрлате пари за дополнителни ексклузивни функции како тие на HDR-ready CHG90, Samsung има нешто да ви понуди. Се работи за новата серија го CJG5, која ги обезбедува сите основни карактеристики кои ги барате, без притоа да доплаќате за дополнителни функции. Серијата го задржува својот закривен панел (за да обезбеди поприроден фокус за вашите очи, според тврдењата на Samsung) и брзина на освежување од 144Hz, но во стандарден 16: 9 дисплеј од 2.560 x 1.440 VA (без квантни точки) со две големини 32 и 27 инчи.
Оваа скромност се однесува и на влезовите, кои вклучуваат два HDMI конектори (од кои едниот е HDMI 2.0), приклучок за DisplayPort 1.2 и слот за вашите слушалки.
Компанијата се уште ги нема наведено цените или достапноста на пазарот, но ја опишува линијата CJG5 како “разумна и достапна”. Ова е она што може да го добиете ако сакате да ги потрошите вашите пари за беспрекорни перформанси отколку на карактеристики како 4K и HDR кои се однесуваат на квалитетот на сликата.