Компанијата MSI официјално најави своја верзија на новите графички картички од 20-та серија на GeForce RTX. Графичките картички имаат нова Nvidia Turing GPU архитектура и револуционерна RTX платформа.
Новите картички на MSI се опремени со премиум дизајн и три вентилатори. GAMING TRIO и DUKE сериите ќе донесат најдобри перформанси на ладење во своите класи, додека SEA HAWK е дел од серијата која има хибридното воздушно и водено ладење и претставува популарно решение за гејмерите.
VENTUS е за првпат најавен како новитетот во понудите на MSI, а овие графички картички ќе имаат и минималистички dual-fan дизајн. Линијата ја комплетираат AERO моделите, со термален дизајн кој ја изолира топлината која се собира околу графичката картичка и ја исфрла преку задниот дел.
Со својата сеопфатна линија на нови графички картички, MSI е уверен дека во својата понуда ќе има подобни модели за секој гејмер кој е во потрага по најдобри перформанси.
Поврзани артикли