Експертите за мобилна телефонија се решија да објават своја ранг листа на најлошите смартфони кои се појавија оваа 2018 година. За да не се разочарате, екпертите посочуваат зошто некои нови модели не залужуваат внимание од оние кои навистина сакаат да добијат пристоен мобилен уред за своите пари.
Лидер на анти-рејтинг листата е смартфонот Honor 9 Lite. И покрај ниската цена моделот има слаби технички карактеристики, мала меморија, што доведува до потреба да се купи дополнителна мемориска картичка, како и батерија со мал капацитет од само 3000 mAh.
Второто место му припаѓа на паметниот телефон Vivo V9. Уредот има атрактивен изглед, но има стар microUSB порт, а исто така нема и NFC. Камерата на паметниот телефон на сончева светлина е скоро ужасна.
На третото место на листата е Samsung Galaxy A8, кој од многумина и претходно беше класифициран како најлош претставник на својата класа. Телефонот има 32 GB постојана меморија и батерија која брзо се троши. Меѓу слабостите е и нискиот квалитет на камерата.
Четвртиот меѓу најлошите смартфони лансирани оваа година е LG G7 ThinQ. Моделот има слаба батерија и дефектен екран, а особено висока цена.
Петтата позиција на непопуларната листа на најлоши смартфони ја држи уште еден LG модел. Станува збор за LG Q7 Plus, чија цена варира помеѓу 200 и 300 евра, а експертите советуваат дека не е добро да ги давате парите затоа што моделот има една камера и батерија од 3000 mAh.