Конкуренцијата на пазарот за OLED дисплеи се засилува со навлегување на јапонската компанија Sharp, која се потпира на моќната поддршка на својот мнозински сопственик Foxconn.

Првично, Sharp ќе користи панели со органски диоди во своите смартфони, соопшти тајванското издание DigiTimes, повикувајќи се на изјава на извршниот потпретседател на Sharp – Кацуаки Номура.

Сериското производство на OLED панели во фабриките на Sharp е започнато во јуни 2018 година и ќе влијае на финансиските показатели на компанијата во вториот квартал. Sharp влегува како производител на пазарот за OLED екрани, користејќи ја моќноста на ќерката компанија SaKai Display Products (SDP).

Номура го потврди почетокот на масовното производство на OLED дисплеи. Во четвртиот квартал од годината, паметниот телефон Sharp Aquos се очекува да излезе со дисплеј на компанијата базиран на органски LED диоди.